Светски шампион во теквондо уапсен за изнуда на пари

Светскиот шампион во теквондо, Емин Четинбаг, е уапсен во случајот за изнудување пари од крипто инвеститори, според документите на Зјузинскиот суд во Москва.

„Тој е обвинет за сторување четири кривични дела како дел од организирана група, од кои две се против државната власт, интересите на државната служба и службата во органите на локалната самоуправа, а другите две против економскиот имот“, се наведува во материјалите од случајот, до кои РИА Новости имаше пристап.

Судот му одреди притвор до 14 октомври.

Четинбаг и уште пет лица, меѓу кои и поранешни полицајци, се обвинети за изнудување криптовалути одинвеститори во Московскиот регион, пренесува Танјуг.

Прочитајте уште...  Кирил Капризов го одби најголемиот договор во историјата на НХЛ

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.