Министеството за спорт на Република Македонија го додели традиционалното признание и државната награда „8 септември“.
Денес во просториите на Собранието беа поделени наградите на освојувачите.
Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на земјава на меѓународен план ја доби Јошко Миленкоски.
Актуелниот македонски селектор е истакнат поранешен одбојкар, универзитетски професор, како и долгогодишен тренер со богато домашно и меѓународно искуство.
Нaградата му ја врачи министерот за спорт Борко Ристовски.
Освен Миленкоски, еднократна државна награда „8 септември“ и плакети добија уште четворица.
Меѓу нив беа поранешниот борец и спортски работник Хамид Бакија, поранешниот истакнат судија Зоран Николовски, спортскиот доктор кој преку четири децении ги посвети на работа во мак-кошарката Виктор Тевчев и спортскиот новинар со преку шестдецениски стаж Кирил Манев.