Јунајтед го испрати Онана во Трабзон

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, се пресели во турскиот Трабзонспор до крајот на сезоната.

„Скај Спортс“, објави дека Трабзонспор ќе ја покрие целата плата на Онана за време на неговиот престој во клубот.

По низа грешки, Онана го изгуби местото на голот на Јунајтед, а оваа сезона одигра само еден натпревар за Манчестер Јунајтед, во Лига купот, во поразот од четвртолигашот Гримсби по изведувањето на пенали.

На голот, Алтај Бајиндир ги започна сите три натпревари во Премиер лигата против Арсенал, Фулам и Барнли.

Онана ја започна својата кариера во Ајакс, а на Олд Трафорд дојде од Интер во јули 2023 година за 47,2 милиони фунти.

Одигра 50 натпревари за репрезентацијата на Камерун.

Прочитајте уште...  Донарума: Најдобро што може да му се случи на еден фудбалер е да го тренира Гвардиола

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.