Алонсо го избрка Ридигер од тренингот на Реал Мадрид

Реал Мадрид добро ја започна новата сезона, но дел од фудбалерите јавно искажаа незадоволство од својата минутажа на теренот.

Меѓу нив е и Антонио Ридигер, кој неодамна влезе во жестока расправија на тренингот на Реал Мадрид со Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми објавуваат дека сè започнало кога Германецот остро стартувал врз Бразилецот, по што следеле остри зборови и туркање. Алонсо решил да го испрати Ридигер дома за да ја смири ситуацијата, притоа довикнувајќи му „збогум“ на Германецот.

Ридигер подоцна им се извини на своите соиграчи, особено на Винисиус, но неговото незадоволство што не е во прв план на Алонсо останува, како и фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година.

Прочитајте уште...  (Видео) ВАР ја спаси Франција против Исланд, Португалците славеа во Будимпешта, Австрија победи кај БиХ

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.