Кирил Капризов, го отфрли продолжувањето на договорот што ќе го направеше најплатен хокеар во историјата на НХЛ лигата, јавија американските медиуми.
Според телевизијата ТСН, Капризов, наводно, ја одбил понудата вредна 128 милиони долари за осумгодишно продолжување на соработката со НХЛ лигашот Минесота.
Рекордниот договор е во сопственост на Едмонтон, вреден 112 милиони долари во период од осум години.
Рускиот напаѓач има уште една сезона од петгодишниот договор од 45 милиони долари со Минесота што го потпиша во 2021 година.
Капризов во дресот на Минесота досега постигна 185 голови и додаде 201 асистенции на 319 натпревари.