Екипите од Евролигата одлучија завршниот турнир во 2026 година да се одржи во Атина, објавуваат грчките медиуми.
Со осум гласа „за“ и три „против“, екипите во натпреварувањето одлучија полуфиналната фаза и финалето да се одржат во Атина.
Главниот град на Грција беше голем фаворит, и покрај обидот на Србите да го организираат настанот во Белград.
На крајот, беше донесена одлука завршниот турнир да се одржи од 22 до 24 мај наредната година.