УЕФА ја „украла“ идејата за новиот формат на ЛШ!

УЕФА воведе нов формат на Лигата на шампиони (ЛШ) од сезонава. Ќе играат 36 екипи, а во првата фаза секоја екипа ќе одигра осум натпревари, четири дома и четири на гости. Потоа натпреварите од осминафиналето продолжуваат по стариот нокаут систем.

Тоа не е некој револуционерен концепт на натпреварување, тврди чилеанскиот спортски консултант, Леандро Сара, кој се заканува дека ќе го тужи претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, пишува „Ас“.

Сара тврди дека тој пред 10 години го смислил овој систем на натпреварување, го патентирал и законски го заштитил. Чилеанецот тврди дека УЕФА му ја украла идејата, иако во минатите 10 години одржувал редовни состаноци со раководството.

– Тие ја користат нашата работа, рекоа дека никогаш нема да воведат ваков систем на натпреварување. Тие ги користат годините на истражување и напори.

Јас не барам богатство, само мои права и покривање на инвестициите. Јас сум креаторот на овој формат, кој беше препознаен од ФИФА, која ми даде интелектуална сопственост. Ќе направам се’ што е во моја моќ да ја исправам оваа неправда, истакнува Сара.

 

Прочитајте уште...  Нов хаос во Јунајтед – Ешворт ги издржа тензиите само пет месеци

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.