(ВИДЕО) И Црвена ѕвезда обезбеди настап во елитната ЛШ

Српскиот шампион, Црвена ѕвезда го победи норвешкиот првак, Бодо/Глимт со 2:0 во вториот плеј-оф натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ) на преполната „Маракана“ во Белград.

Ѕвезда успеа да ја анулира негативата од 1:2 од првиот меч и да се пласира во ЛШ која од сезонава ќе се игра во нов формат и со 36 тима. Головите ги постигнаа Бруно Дуарте во 26′ од пенал и Урош Спајиќ во 59. минута.

Црвена ѕвезда целосно го надигра норвешкиот тим и заслужено оди натаму. Гостите имаа само три удари кон голот на Марко Илиќ, а домаќините дури 17.

Шампинот на Србија обезбеди пласман во најелитното европско клупско фудбалско натпреварување втора година по ред, односно четврта во последните седум сезони.

Прочитајте уште...  Ботафого станаа и шампиони на Бразил!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.