Големите другари кои на времето го носеа дресот на Спортинг Лисабон, капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и македонскиот бек Стефан Ристовски, имаа убаво поминато време кај „лисабонските лавови“ со кои освоија неколку трофеи. Од тогаш без прекин трае нивната дружба и комуникација. Сега Португалецот објави видео и порака до Ристовски на италијански јазик.