Трајковски: Чекор по чекор да стигнеме до целта!

По победата во Астана, својот коментар имапе и стрелецот на голот Александар Трајковски.

„Не е важно кој ќе даде гол, туку да победуваме. Знаевме дека ќе биде тешко против Казахстанците. Најважно е за нас дека одигравме многу добро тимски и ги освоивме трите бода. Одиме чекор по чекор во овие мундијалски квалификации, се надевам ќе растеме во циклусот и ќе успееме да стигнеме до целта.

Тешко беше, доста играчи настапија пред три дена, имавме долг пат и навистина беше незгодно. Најважно е кој и да игра да даде максимум, освеживме со измените. Од овие натпревари најважно е само да освојуваме три бода. Среќата понекогаш е потребна, а кога работиш добро ти се враќа сè. Важно е да работиме како екипа, имаме квалитет и ги користиме своите шанси. Се надевам ќе биде така до крај.“, изјави стрелецот на единствениот гол.

Македонија по четири одиграни натпревари во циклусот нема пораз, со две победи и два нерешени резултати има осум бода.

Прочитајте уште...  Имобиле им се понудил на Милан

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.