Барди: Горд сум што сум дел од оваа генерација на Македонија

Македонија со голот на Александар Трајковски се радуваше на гостувањето во Казахстан (0-1) во четвртиот квалификациски натпревар на патот кон Светското првенство.

Одличниот старт на циклусот дава надеж, а по тешко извојуваниот триумф во Астана својот став го сподели капитенот Енис Барди, кој кажа:

„Знаевме дека ќе ни биде еден од најтешките натпревари досега. Дојдовме кај ривал кај кој е тешко да се игра. Очекувавме проблем да ни биде вештачкиот терен и агресивноста на Казахстан. На крајот ги освоивме посакуваните три бода, кои ни даваат можност да мислиме на сонот.

Горд сум на серијата од десет натпревари, дај Боже да продолжиме вака. Јас сум горд што сум дел од оваа генерација“.

Прочитајте уште...  Мареска задоволен од изданието на неговиот тим на натпреварот со Лос Анџелес

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.