Триумф на македонските фудбалери – падна и Казахстан (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Казахстан со минимални 0:1 во квалификациите за пласман на СП.

Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-тата минута од мечот.

Еден ама вреден, за три бода и прво мето, барем до крајот на мечот помеѓу Велс и Белгија кој се игра од 20:45 часот.

Треба да се напомене дека на овој меч нашата репрезентација ја пратеше и среќата бидејќи селекцијата на Казахстан имаше неколку добри шанси, а по еднаш ја погоди гредата и стативата во вториот дел.

Македонија со 4 одиграни меча е на првото место на табелата со 8 бодови, следува Велс со 7 кој вечерва игра против Белгија, која пак одигра само еден натпревар оној во Скопје кој заврши 1:1.

Казахстан има 3 бодови, а Лихтенштајн е без бодови. Вреди да се напомене дека Македонија со 11 официјални меча не знае за пораз.

Прочитајте уште...  “Кралевите“ ќе добијат неверојатни премии ако го освојат СКП!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.