Раниери има еден услов за да стане селектор на Италија

Италијанската фудбалска репрезентација е без тренер од вчера. Лучано Спалети доби отказ по дебаклот во Осло и поразот од Норвешка (3:0).

Прв избор на Италиjанецот е Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската позиција во Рома и му ја препушти на Џанпјеро Гасперини, но идејата на семејството Фридкин и него самиот е тој да остане во Рим и да учествува во понатамошното функционирање на спортскиот сектор. Односно, планот е тој да биде менаџер кој ќе работи во соработка со Гасперини.

Затоа, Раниери е на пресвртница и како што објави Џанлука ди Марцио, единствениот начин за него е семејството Фридкин да даде „зелено светло“ за неговата двојна функција.

Раниери претходно ѝ вети на Рома и сака да си го исполни ветувањето, но поканата од репрезентацијата е нешто што не може да се одбие, па затоа го моли Фридкин за разбирање

Средбата во Рим ќе се одржи денес и ситуацијата наскоро ќе биде решена. Доколку Раниери не ја преземе репрезентацијата, „аѕурите“ ќе се свртат кон Стефано Пиоли.

Прочитајте уште...  Притворен Квинси Промес, ќе биде екстрадиран во Холандија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.