Роберт Левандовски, го објави своето повлекување од националниот тим. 36-годишниот напаѓач на Барселона ја соопшти одлуката преку социјалните мрежи, а причината се нарушените односи со актуелниот селектор Михал Пробиеж.
„Со оглед на околностите и загубата на доверба кон селекторот, решив да се повлечам од националниот тим додека тој ја извршува оваа функција“, напиша Левандовски.
Најдобриот стрелец во историјата на полската репрезентација, со 85 погодоци, додаде:
„Се надевам дека во иднина повторно ќе имам шанса да играм пред најдобрите навивачи во светот.“