Димитриевски: Нека биде една година без пораз

Последниот пораз Македонија го доживеа на 10 јуни во пријателски меч со Лешка, а ако остане непоразена во Казахстан, ќе комплетира импресивен рекорд – една година без пораз.

„„Имавме долг пат, но подготвени сме. Имаме позитивна енергија од доаѓањето во Астана. Ние сме спремни да одиграме одличен меч како и со Белгија, фокусирани сме за она што ни следи тука. За мене секој меч е поинаков, нема да кажам дека доаѓаме да победиме во Казахстан со сигурност.

Знаеме дека нема да биде лесно, мечот ќе биде доста поцврст и потежок за нас. Со Белгија имавме претежок меч, заслуживме повеќе од тоа што добивме, но ова ни е друг меч, друг почеток, малку време имавме за одмор ако се земе предвид патувањето, но таков е распоредот. Мора да се фокусираме, да се наполниме со добра енергија која ќе ни помогне да одиме до крај, па да ги зграпчиме трите бода.

Статистиката секогаш е одлична, 717 минути без примен гол се мои, сега посакувам тимот да биде една година непоразен. Фан сум на статистиките, ако имаме добра стаитистика, значи дека добро работиме, напредуваме, што можеме подолго да останеме без пораз, тоа уште подобро.“, изјави Димитриевски.

Прочитајте уште...  Матис Тел е нов играч на Тотенхем

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.