Затоа што селекторот Благоја Милевски е суспендиран и нема да ја води Македонија на гостувањето кај Казахстан, на прес-конференцијата мечот со ривалот во Астана го најави Роберт Стојановски.
Човекот кој е дел од стручниот штаб и е асистент на Милевски ќе биде крај аут-линијата. За дуелот тој кажа дека нашиот национален тим е подготвен да се надигува со ривалот иако ќе се игра на поинаква подлога.
„Ова е квалификациски натпревар. Сите опции се во игра. Ние сме дојдени тука да прикажеме пред се добра игра. Имаме добра екипа која ја почитуваме. Не не залажува резултатот од пријателскиот меч кој го одиграа со Белорусија. Ние сме професионалци, спремни сме да играме на вештачката подлога. Имаме проблеми со недоаѓањето на Алими и Димоски, но оние кои се тука, се спремни да го дадат максимумот.
Вистина е дека за дел од нашите играчи првенствата завршија порано, но во тој поглед мислам дека сме во ред. Искуството од претходните јунски прозорци вели дека не се покажавме тогаш добро, но сега веруваам дека ќе биде поинаку. Околу мотивацијта, не ни треба нешто повеќе затоа што се игра за Македонија.
Голем број од играчите не играат на вештачки терен и мислам дека успеавме да се спремиме во тој дел. Околу тактикаата, многу работи ќе зависат од денешниот тренинг, по кој ќе ја одлучиме формацијата. Но, таа што ни дава резултати нема да ја менуваме. “, изјави Стојановски.
Мечот меѓу Казахстан и Македонија се игра на „Астана Арена“ во понеделник од 16:00 часот по македонско време. Дуелот ќе се игра на вештачка трева.