Поддршка од ФФМ и Масар Омерагиќ за младинскиот спорт

Во духот на поддршката и развојот на спортот, особено фудбалот во Општина Гази Баба беше реализиран значаен чекор преку заедничка акција на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Гази Баба и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со поддршка од претседателот Масар Омерагиќ.

Како дел од долгорочната стратегија за развој на младинскиот спорт и спортската инфраструктура, сите фудбалски клубови кои се дел од ОФС Гази Баба добија комплетна спортска опрема преку програмата на ФФМ.

Настанот се одржа на стадионот во Автокоманда, а присуствуваа бројни спортски работници, претставници на клубови и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, изрази длабока благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, за неговата визија и доследна поддршка на локалните заедници и фудбалски сојузи. Во знак на признание за неговиот придонес, Омерагиќ доби и почесна плакета од општината.

„Неговата посветеност веќе се препознава низ сите општински сојузи. Благодарност и до претседателот на ОФС Гази Баба, Дарко Костовски, кој со ентузијазам и искрена љубов кон спортот придонесува за развојот на фудбалот на локално ниво,“ истакна Стефковски.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, уште еднаш потврди дека федерацијата ќе биде постојана поддршка на клубовите низ цела Македонија:

„Нашата цел е јасна – создавање подобри услови за најмладите, промоција на вистински спортски вредности и поддршка на секој клуб, без разлика на неговата големина.“

Прочитајте уште...  Ливерпул подготвува уште еден мега трансфер!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.