Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј

Монтереј е заинтересиран да го ангажира португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во пресрет на почетокот на Светското клупско првенство.

Според новинарот Николо Шира, дефанзивецот на мексиканскиот клуб Серхио Рамос, поранешен соиграч на Роналдо во Реал Мадрид, се обидува да го убеди 40-годишниот фудбалер да се приклучи на тимот.

Роналдо по завршувањето на вчерашниот натпревар на Ал-Наср навести напуштање на клубот од Саудиска Арабија со зборовите: „Ова поглавје е завршено“.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули.

За првпат на ова натпреварување ќе настапат 32 екипи. Тие ќе бидат поделени во осум групи.

Монтереј ќе игра во Е-групата со Интер, Ривер Плата и Урава Ред Дајмонд.

Прочитајте уште...  Турците најавија „трансфер бомба“: Митровиќ во Фенербахче

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.