Чаби Алонсо официјално е новиот тренер на Реал

Нова тренерска ера во Реал започна, Чаби Алонсо официјално го презеде кормилото од Карло Анчелоти.

Последните 24 часа во Реал беа бурни и емотивни, Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукаш Васкез се збогуваа со клубот, испраќањето беше величествено, како што им доликува на имиња кои дале толку многу на клубот…

Веќе еден ден подоцна, време е за нови предизвици, нови имиња. Реал во неделата објави дека Алонсо потпишал тригодишен договор. Перфекционистот пристигна.

Алонсо ќе го преземе тимот на 1 јуни, а своето деби на клупата на Реал ќе го има против Ал-Хилал на почетокот од клупското светско првенство на 18 јуни.

На првиот тренинг ќе го чекаат две нови имиња во тимот, Дин Хујсен (Борнмут) и Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), а многу веројатно и трето, Алваро Карерас (Бенфика), за чиј трансфер клубот одлучува овие денови.

Прочитајте уште...  Галатасарај му нуди на Тер Штеген пет милиони евра по сезона

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.