ФФМ го поништи мечот меѓу Кожуф и Башкими

Натпреварот е евидентиран како одигран, но ниту една екипа нема бодови од тој дуел.
Тој дуел го доби Башкими со контроверзен гол во судиското продолжение кога фудбалерите на Кожуф застанаа.

„Одлуки од Дисциплинска комисија на ФФМ

Дисциплинската комисија на ФФМ по пријава на Дисциплинскиот инспектор поведе дисциплински постапки за недозволено влијание на исход и тек на натпревар по член 72 – Наговарање против:

Пепи Ѓоргиев – спортски директор на ФК Кожуф;

Славчо Ѓеоргиевски – шеф на стручен штаб на ФК Кожуф;

Напоменуваме дека случајот не е затворен.

Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот, поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот.

Отворена постапка се води и за: Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф“, соопшти ФФМ.

Одлуката на ФФМ значи дека Македонија ЃП и официјално е нов прволигаш со 64 бодови, додека Арсими е втор со 62 бодови, а трет е Башкими со 60 поени на едно коло пред крај на сезоната.

Прочитајте уште...  Динамо плати 3 милиони евра за екс-играч на Рома

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.