Флик: Ова е финале пред финалето

Ханси Флик зборуваше по ремито 3-3 на неговата Барселона во првиот полуфинален натпревар против тимот на Интер.

-Мислам дека не започнавме добро. Примивме два гола, но потоа се вративме во игра. Второто полувреме беше спектакуларно. Ни останува уште еден натпревар и мора да победиме. Ова е финале пред финалето, изјави Флик.

-Станува збор за полуфинале во Лигата на шампионите, за одлични екипи. Тие имаат големо искуство и тоа го докажаа. Играат многу добро при прекини. Тие знаеја како да го искористат тоа, додаде Флик.

На крајот, германскиот стратег заврши со мислење за состојбата на неговиот играч Жул Кунде.

– Не знам каква е состојбата со Жул Кунде, ќе мора да почекаме да ги мине прегледите, заврши Флик.

Прочитајте уште...  Лапорта потврди: Ханси Флик ќе остане најмалку до јуни 2027!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.