Мекманаман: Голот на Интер е поништен поради нокт на ногата?!

Првиот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Интер заврши со резултат 3:3.

Публиката виде неколку атрактивни и еден поништен гол.

Во 75-тата минута, стрелец за гостите беше Хенрик Мхтарјан. По четврти пат, топката се најде во мрежата на Каталонците, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР потврди офсајд. И тоа минимален, милиметари беа во прашање…

„Не знам како се чувствуваат во Интер по сè. Останаа без капитенот Лаутаро Мартинез, нивниот гол беше поништен поради нокт на ногата. Има силни емоции, но навистина треба да бидат пресреќни поради прикажаната игра“, коментираше Стив Мекманаман, поранешниот ас на Ливерпул и Реал Мадрид, за англиските медиуми.

Реванш натпреварот помеѓу Интер и Барселона е закажан за вторник, 6 мај.

Прочитајте уште...  Дортмунд се провлече во Лигата на шампионите, Лајпциг остана без место во европските купови

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.