Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.

Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.

Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.

Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.

На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.

Прочитајте уште...  Пипо Инѕаги е нов тренер на Палермо

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.