Александар Митровиќ пренесен во болница поради проблеми со срцето

Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека српскиот напаѓач, Александар Митровиќ, бил пренесен во болница откако се пожалил на срцеви проблеми.

Офанзивниот фудбалер неодамна се врати на терените после повреда на тетивата, а веднаш по натпреварот со Ал-Фејха се пожалил на забрзана срцева работа и морал веднаш да замине во болница.

Докторите утврдиле тахикардија и аритмичана работа на највиталниот орган, по што препорачале целосно мирување во траење од најмалку десетина дена.

Митровиќ сезонава е главна алка во тимот на Ал-Хилал и досега забележа учинок од 18 голови и три асистенции.

Прочитајте уште...  Буфон: Јас бев ВАР системот во финалето на Светското првенство во 2006 година

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.