Футсал репрезентацијата поразена од Холандија

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 0-3 од селекцијата на Холандија на домашен терен во натпревар од петтото коло од групата 7 од квалификациите за пласман на ЕП.

Во спортска сала „Јане Сандански”, во Скопје, Македонија одигра добро прво и лошо второ полувреме. Сите погодоци противникот ги постигна во второто полувреме.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа добро во првиот дел, создадоа неколку солидни прилики за постигнување на погодок, но без реализација.

Во продолжението од натпреварот, Кемпс во 24. минута го отвори резултатот. Минута подоцна Холандија преку Мартинус зголеми на 2:0. Истиот играч во 35. минута по втор пат се запиша во листата на стрелците на денешниот натпревар.

Прочитајте уште...  (Видео) Интер маршира кон титулата, ја победи Аталанта во Бергамо

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.