Ендрик го турка Реал кон финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Со победа од 1:0 на гостински терен во Сан Себастијан, Реал (М) направи чекор кон големото финале во Купот на Шпанија. Мечот беше решен уште во 19. минута кога мадриѓаните ја освоија топката пред својот шеснаесетник и веднаш тргнаа во брза акција. Белингем на крајот испрати долга топка до Ендрик, кој ја прими на градите, влезе во шеснаесетникот и го совлада голманот Ремир за 0:1.

Првите пет минути од вториот дел донесоа многу возбудувања. Најпрво Сосиедад беше блиску до израмнување, но голманот на Реал, Лунин направи две одлични одбрани. Неколку минути подоцна голема шанса имаше Реал. Винисиус испрати долга топка до Ендрик, кој мајсторски ја исконтролира, а потоа шутираше силно, но гредата ги спаси домашните.

Реал се задоволи со минимален триумф пред реваншот на својот стадион во првите денови од април.

Прочитајте уште...  Во Фенербахче нема место за Ливаковиќ

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.