Тимот на Манчестер Јунајтед викендов оди на гостување кај Евертон во рамките од новото коло до премиер лигата, во стартниот саботен термин од 13:30. Клубот од Олд Трафорд и натаму се мачи на резултатски план има само четири победи во 14 мечеви под водство на менаџерот Рубен Аморим. Од друга страна Евертон има четири победи во пет меча.
– Понекогаш не гледате напредок во тимот, но доаѓаат потешки натпревари и чувствувате дека можете да играте рамноправно во нив, да создавате ситуации, што е добро. Во овој момент, кога ги гледате натпреварите, гледате повеќе проблеми отколку решенија. Тоа е јасно. Кога играме, чувствувам дека сме способни, но мора да бидеме доследни, рече Аморим.
Менаџерот откри дека тројца од повредените играчи се опоравиле и ќе бидат на располагање за натпреварот со Евертон.
– Оваа недела беше подобра од минатата бидејќи не загубивме ниту еден играч. Ериксен, Угарте и Јоро се назад во тимот. Диало ќе биде во „аут“ уште долго. Она што го гледам е дека се развиваме и создаваме коенкција. Се зближуваме и почнуваме да го разбираме начинот на кој сакаме да играме. Дури и звуците на тренинзите се различни. Луѓето зборуваат, бараат топка, даваат инструкции. Чувствувате дека работите се менуваат. Важно е да се види ова за време на натпреварите – рече Аморим.