Халанд со повреда на коленото!

По онаа победа од 4:0 против Њукасл, се разбира поради хет-трикот, централна тема на муабет е Омар Мармуш, но во Манчестер Сити не се израдуваа премногу на оваа победа. Посебно ако се знае дека Ерлинг Халанд во еден момент од средбата се пожали на повреда на коленото.

Па така сега се стравува за тоа дали најдобриот фудбалер на “граѓаните“ ќе може во среда на “Сантијаго Бернабеу“ да биде во составот на Сити во возвратниот дуел од плеј – офот во ЛШ против Реал Мадрид.

Еве што кажа Пеп Гвардиола:

-Кога легна на теренот сите занемевме од страв. Потоа насмеан стана и го напушти теренот како што секогаш тоа го прави. Ќе видиме за што станива збор, ќе ги видиме резултатите од прегледите. Се надевам дека Халанд ќе биде во составот на мечот во Мадрид, посочи страегот на Сити.

Прочитајте уште...  Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.