Артета: Повредата на Хаверц е голем удар, но и предизвик за Арсенал

Микел Артета ја подготвува екипата за гостувањето кај Лестер, натпревар на кој гостите планираат да атакуваат на целиот плен и се друго ќе биде разочарување во обидот да се намали негативата зад лидерот Ливерпул.

Менаџерот на Арсенал денеска одржал прес-конференција, а една од главните теми очекувано била повредата на Каи Хаверц и фактот што „топчиите“ останаа без многу офанзивни играчи во ист период.

– Имавме одличен камп во Дубаи, но на крајот дојде таа неочекувана повреда.

– Ова е голем удар за нас, пред се поради повредите кои веќе ги имаме во тимот.

– За среќа, сезонава се соочивме со многу проблеми, тоа е главниот предизвик и не ни пречи, сега ќе видиме „од што сме направени“. Знам што би се случило со секој друг тим кој би останал без четворица важни офанзивни играчи во исто време, – рекол Артета.

Прочитајте уште...  Консеисао го напушта Милан на крајот од сезоната

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.