Конте: Кога дојдов не ми рекоа дека целта е шампионската титула

Тренерот на Наполи, Антонио Конте се обидува да ги смири емоциите по ремито со Удинезе. Наполитанците синоќа одиграа 1.1 со Удинезе на домашен терен, што во италијанските медиуми е преставено како неуспех.

Навивачите на Наполи вечат дека ова е кикс кон патот до шампионската титула, додека тренерот се обидува да објасни дека тоа не било ни во план.

-Ремито со Удинезе не е катастрофа. Ова е добар тим со добри играчи. Ова не е пропуштена шанса. Да не бегаме од реалноста. Во следните 14 натпревари треба да обезбедиме пласман во европските купови. Тоа беше барањето на клубот кога пристигнав. Ова ги вклучува Лига Европа и Конференциската лига. Сега сме во позиција каде што секој би сакал да биде, но колку сте поблиску до врвот, толку ветровите се посилни. Во последните девет натпревари имаме седум победи и две нерешени, а израмнувачкиот гол против Рома го примивме во 93. минута, изјави тренерот на Наполи, Антонио Конте.

Тој смета дека неговите фудбалери постигнуваат резултати над сите очекувања.

Прочитајте уште...  Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.