(Видео) Џастин Клајверт со хет-трик ја прекина победничката низа на Њукасл

Фудбалерите на Борнмут го совладаа Њукасл „Сент Џејмс Парк“ со 4:1, во првиот натпревар од 22. коло на англиската Премиер лига.

„Црешите“ го растажија својот поранешен менаџер Еди Хау и ја прекинаа брилијантната серија на Њукасл од девет последователни победи, од кои шест во Премиер лигата. Исто така заврши и серијата на Александер Исак, кој постигнуваше најмалку по еден гол на последните осум натпревари.

Борнмут буквално го декласира својот противник и вистинско е чудо како одбраната на Њукасл прими само четири гола. Напаѓачот на Борнмут, Џастин Клајверт денеска блесна и со хет-трик потсети на неговиот славен татко Патрик.

Клахверт го совлада Дубравка во шестата, 44. и 92.минута. Третиот гол беше брилијатен, исто како и голот на Керкез во 96.минута.

Бруно Гимараеш го постигна голот за Њукасл во 25.минута.

 

 

 

 

Прочитајте уште...  ТСЦ за 450.000 евра го купи Тодороски

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.