Артета: Верувам дека можеме до титулата во Премиерлигата

Артета: Верувам дека можеме до титулата во Премиерлигата

Менаџерот на Арсенал, Микаел Артета верува дека Арсенал ќе се бори за титулата во Премиер лигата до крајот на сезоната. Вчера „топчиите“ го победија Тотенхем со 2:1 во 21. коло од Премиер лигата и му се доближија на лидерот Ливерпул на 4 бода, но имаат одиграно еден натпревар повеќе.

-Сè уште сме во трка за титулата. Има многу да се бориме, но гледаме колку е тешко секој тим да победи. Овој резултат ни овозможува да уживаме во моментот, а сега се подготвуваме за следниот натпревар. Многу сум горд на тимот, мислам дека сме неверојатни, изјави тренерот на Арсенал.

Следниот меч за Арсенал е против екипата на Астон Вила веќе в сабота.

Прочитајте уште...  Гатусо ќе биде новиот селектор на Италија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.