Џирона во 91.минута дојде до триумф кај Алавес

Фудбалерите на Џирона победија на гостувањето во Виторија, кај Алавес со 1:0 во 19. коло од шпанската Ла Лига.

Победничкиот гол за Џирона го постигна Џон Солис во првата минута од судиското надополнување на вториот дел.

И овој натпревар во тимот на Џирона го пропушти Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец не игра од крајот на минатата година поради повреда на зглобот.

Џирона е седма на табелата со 28 бодови, додека Алавес е на 16. место со 17 бодови.

Во следното коло, Џирона ќе ја пречека Севилја, додека Алавес гостува кај Бетис.

 

Прочитајте уште...  Тебас: Клупскиот Мундијал е тотален апсурд

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.