Тотенхем ја запре серијата на Ливерпул од 24 меча без пораз

Тотенхем ја совлада екипата на Ливерпул со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Карабао Купот. Ова е прв пораз за фудбалерите предводени од Арне Слот по 24 последователни натпревари.

Од почетокот на натпреварот Тотенхем беше подобар ривал и креираше многу шанси. Во 5-тата минута се случи хорор повреда на главата на фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур кој мораше да го напушти теренот на носила. До крајот на првиот дел Ливерпул ги превзеде работите во свои раце и напаѓаше, но голманот Кински успешно ја зачува својата мрежа. Во второто полувреме Тотенхем повторно имаше поголема иницијатива и повеќе шанси за гол. Швеѓанецот Бергвал постигна погодок во 86-тата минута и му донесе победа на својот тим.

Реваншот помеѓу овие два тима ќе се одигра на Енфилд на 6 февруари.

Прочитајте уште...  Салах постави рекорд во Премиер лигата

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.