Донијел Мален на радарот на Астон Вила

Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Дортмунд, Донијел Мален би можел уште зимава да го напушти германскиот гигант.

Како што јавуваат германските медиуми Борусија одбила понуда од Астон Вила која гласела 16 милиони евра. Информациите велат дека Борусија не би го пуштила Мален за сума помала од 20 милиони плус вклучени бонуси. Доколку во Дортмунд пристигне таква понуда „милионерите“ не би имале ништо против да се разделат со холанѓанецот.

Мален пристигна во Дортмунд во 2021 година и сезонава има постигнато 3 погодоци на 13 настапи во Бундеслигата.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.