Нема подобар од Салах во 2024 година

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах е пред сите фудбалери во светот во 2024 година.

Во 2024 година, Салах забележа повеќе голови и асистенции од кој било друг играч во „ Премиер лигата, Серија А, Бундеслигата, Ла Лига и Лига 1.

Египќанецот учествувал во вкупно 52 гола во сите натпреварувања (29 гола, 23 асистенции), повеќе од кој било во Европа.

Учинокот го подобри во 19. коло од Премиер лигата против Вест Хем, последниот натпревар на неговиот тим во 2024 година, во победата од 5:0 забележа гол и две асистенции.

Тој, исто така, го мина Луис Суарез од неговата сега легендарна сезона 2013/2014 во Ливерпул, Салах и Суарез се единствените двајца играчи кои учествувале во 30 голови на помалку од 20 одиграни натпревари во една сезона во Премиер лигата, на Суарез му биле потребни 19 натпревари, на Салах еден помалку.

 

 

 

Кога станува збир за фудбалерите ид Премиер лигата, зад Салах, кој има 52 гола/асистенции, е Кол Палмер со 44, а потоа следуваат Ерлинг Халанд (40), Букајо Сака (36), Александер Исак, Бруно Фернандеш (33), Оли Воткинс (30), Каи Хаверц (29), Коди Гакпо и Фил Фоден (28).

 

 

 

 

 

Прочитајте уште...  Турците најавија „трансфер бомба“: Митровиќ во Фенербахче

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.