Антонио Силва пред трансфер во Јувентус

Младиот и ултра перспективен дефанзивец на тимот на Бенфика, Антонио Силва, и официјално е трансфер мета на тимот на Јувентус. Иако се досега се шпекулираше на оваа тема, сепак, се досега, и немаше некоја потврда. Но, менаџерот на играчот, познатиот Жорж Мендеш, официјално преку изјава потврди дека постои интерес, и тоа од сите инволвирани страни овој трансфер да се реализира.

– Јувентус го сака Антонио, а тој сака да оди кај нив. Станува збор за многу квалитетен фудбалер кој го следат најсилните клубови во светот. Бенфика мора да донесе одлука. Чекаме повик од нив, коментираше агентот Жорж Мендеш , кој го застапува младиот Португалец.

Договорот на Антонио Силва со Бенфика е до летото 2027 година. Во тековната сезона за „орлите“ од Лисабон има 13 натпревари и 1 гол во сите натпреварувања.

Прочитајте уште...  Балде во Монца до крајот на сезоната

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.