Ливерпул го победи Лестер со 3:1 во 18. коло од Премиер лигата. Гостите први поведоа, но немаа сили и квалитет да направат сензација. Ливерпул со овие три бода ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Челси на седум бода, а има и натпревар помалку.
Џордан Ају ги доведе гостите во водство во шестата минута. По левата страна се проби Стивен Мавидиди, кој нафрли по земја кон напаѓачот од Гана. Ају лесно се ослободи од Енди Робинсон и биеше прецизно за шокантно водство на гостите на „Енфилд“.
Ливерпул губеше до првата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Потоа Коди Гакпо извонредно погоди од левата страна со неодбранлив удар од врвот на шеснаесетникот.
Пресвртот дојде во 49. минута. Алексис Мек Алистер се проби по десната страна, во 16-те метри, го пронајде Кртис Џонс кој погоди за 2:1 за домашната екипа.
Во 82. минута Ливерпул зголеми на 3:1 и ја потврди победата. Стрелец беше одличниот Мохамед Салах. Тој ја прими топката по десната страна и повторно ја покажа својата класа со својата класична мајсторија погодувајќи за 3:1.
Во следното коло, в недела, Ливерпул ќе му гостува на Вест хем. Истиот ден Лестер е домаќин на Манчестер Сити.