Чеферин со честитка за изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин упати писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во писмото со честитки, првиот човек на Европската фудбалска Асоцијација, го истакнува фактот за направената одлична работа со изборот на Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ во годината кога се одбележуваат три децении од членството на ФФМ во УЕФА.

-Оваа година, 2024, се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, а за тоа време вашата посветена Национална федерација сработи многу во градењето и развојот на фудбалот. Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат, стои во честитката на Чеферин.

Изборот на Омерагиќ уследи по оставката која неговиот претходник на должноста Муамед Сејдини ја поднесе на средината од ноември, четири месеци пред да му истече вториот мандат на чело на македонскиот фудбал.

Омерагиќ е седмиот претседател на ФФМ, по Алексо Кипровски, Љубисав Иванов, Ламбе Арнаудов, Харалампие Хаџи – Ристески, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини

Прочитајте уште...  Гатусо ќе биде новиот селектор на Италија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.