Аталанта доминира во Италија, ja забележа 11-тa последователнa победа!

Фудбалерите на Аталанта го победија Емполи со 3:2 во Бергамо во 17. коло од Серија А. Гостите поведоа со 1:0 во 13. минута преку Лоренцо Коломбо, а Шарл Де Кетеларе и Адемола Лукман во 34. и 45. погодија за пресврт на Аталанта.

Емполи не се предаде и уште еднаш ја затресе мрежата, од пенал во 57. минута, преку Себастиано Еспосито, за израмнување на 2:2. За победата на домашните се погрижи брилијантниот Де Кетеларе кој погоди во 86. минута.

Ова беше 11-та последователна победа за Аталанта во Серија А! Тимот од Бергамо и натаму ја држи првата позиција на табелата со 40 бода, два повеќе од Наполи.

Следен противник на Аталанта е четвртопласираниот Лацио, на 28 декември. Аталанта никогаш не ја освоила титулата во Серија А, а единствените големи трофеи во клупската историја се Купот на Италија од 1963 година и Лигаа Европа минатата сезона.

„Ова беше прекрасна година, жалиме што завршува. Да се ​​надеваме дека 2025 година ќе биде исто толку добра. Нема да биде лесно, но освен резултатите, многу сум среќен И со духот што го има во овој тим“, изјави тренерот, Џан Пјеро Гасперини.

Прочитајте уште...  (Видео) ПСЖ лесно против Атлетико на стартот клупскиот Мундијал

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.