Леао го пропушта дербито со Рома

Еден од најдобрите играчи на Милан, Рафаел Леао доживеа повреда на препоните на вчерашниот натпревар против Верона и ќе мора да паузира најмалку десетина дена.

Иако уште нема детали за неговата состојба, првите прогнози се дека нема да биде во комбинација за дербито против Рома на 29 декември, а не е исклучено да го пропушти и полуфиналето од Суперкупот на Италија против Јувентус на 3 јануари.

Милан се наоѓа на осмото место на табелата во Серија со 26 бода, 11 помалку од лидерот Аталанта.

Прочитајте уште...  Мусијала во Баерн до 2030 година

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.