(Видео) Баерн демонстрираше сила против Лајпциг

Баерн Минхен убедливо го победи Лајпциг со 5:1 во првиот натпревар од 15.коло во Бундес лигата.

Баварците на своите навивачи, за крај на годината им приредија вистински спектакл. Со „петарда“ го испратија Лајпциг.

Тимот на Венсант Компани е лидер во шампионатот со 33 бода, шест повеќе од „биковите“ кои се на четвртото место.

Почетокот на натпреварот беше невообичаен, бидејќи во воведните две минути беа постигнати два гола, по еден на секоја страна.

Најпрво Мусиала му донесе водство на Баерн, но Шешко набрзо го врати резултатот на почеток.

До полувремето беше јасно во кој правец се движи овој натпревар, по головите на Лајмер во 25. минута и Кимих во 36. минута.

Баерн не застана тука, и чекаше до 75. минута за уште еден гол, кога стрелец беше Сане, а три минути подцна Дејвис го постави конечниот резултат.

Прочитајте уште...  Шпанците ги објавија условите под кои Реал е подготвен да го отпушти Анчелоти

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.