Анчелоти: Реал ќе игра во финалето на Лигата на шампиони?

Ливерпул во средата на „Енфилд“ го надигра и го победи Реал Мадрид со 2:0 во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ). Алексис Мекалистер ги доведе Англичаните во водство во 52. минута, а Коди Гакпо во 76. минута зголеми на 2:0.

Реал можеше да се врати во игра во 61. минута, но Килијан Мбапе не го реализираше пеналот, односно голманот на Ливерпул, Каоимин Келехер му го одбрани ударот.

Пенал имаа и домашните, но ударот на Мохамед Салах заврши на левата статива од голот на Тибо Куртоа. Реал Мадрид моментално е на 24-то место на табелата во ЛШ,последното што води во плеј-офот за нокаут фазата. Во следните три натпревари Реал ќе и гостува на Аталанта, го пречекува Салцбург и ќе му гостува на Брест.

Во овие натпревари избраниците на Карло Анчелоти ќе бидат под притисок да обезбедат пласман во следната фаза, но тренерот на Реал нема грижи. Во изјава за Ел Ларгуеро (El Larguero), Италијанецот рече: „Најважно е што Реал ќе биде во финалето на Лигата на шампиони“!.

Анчелоти е најуспешниот тренер во историјата на ЛШ со пет титули, две со Милан и три со Реал.

Прочитајте уште...  Влаховиќ му платил на соиграч од Јуве 100.000 евра како би го спасил од коцкарски долгови

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.