Во дерби мечот од 5-то коло во Лигата на шампиони (ЛШ) Ливерпул на домашен терен, во „Енфилд“ го надигра и го победи актуелниот европски првак, Реал Мадрид со 2:0.
Головите за „црвените“ кои се единствената екипа со максимални пет победи во ова натпреварување ги постигнаа Алексис Мекалистер во 52-та и Коди Гакпо во 76 минута.
„Кралевите“ беа во подредена позиција во текот на целиот натпревар и сосема заслужено претрпеа пораз. Веќе во четвртата минута Тибо Куртоа го сопре ударот на Дарвин Нуњез во долниот десен агол, а во 23 и 33 минута повторно го спречи Уругваецот да постигне гол.
Енди Робертсон направи прекршок за пенал за Реал во 59. минута, но Каомин Келехер го шокираше Килијан Ембапе и го одбрани неговиот удар.
Kelleher saves Mbappé’s penalty! pic.twitter.com/SqDe1UOZ0u
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 27, 2024
Само 10 минути подоцна Мохамед Салах го изведе можеби најлошиот пенал во кариерата, го промаши голот, погодувајќи го надворешниот дел од стативата!
Mo Salah misses the penalty too! pic.twitter.com/2SCwSCF2T6
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 27, 2024
Сепак, во 76 минута беше поставен конечниот резултат од 2:0, кога Коди Гакпо, кој влезе во играа од клупата за резервни играчи биеше прецизно со глава и ги разреши сите дилеми.
До крајот на мечот големи прилики пропуштија Луис Дијаз од едната, како и Лукас Васкез и Брахим Дијаз од другата страна.
Борусија Дортмунд го победи Динамо во Загреб (3:0). Исклучително возбудливо беше во Монако и во Ајндховен, каде што Бенфика со 3:2 триумфира над „кнезовите“, а ПСВ против Шахтјорм со ист резултат.
Лил славеше во Болоња 2:1, а во Бирмингем немаше голови на дуелот меѓу Астон вила и Јувентус, а со реми заврши мечот Селтик – Бриж 1:1.
Резултати 5-то коло во ЛШ:
Ливерпул – Реал Мадрид 2:0
Динамо Загреб – Борусија Дортмунд 0:3
Црвена ѕвезда – Штутгарт 5:1
Штурм – Џирона 1:0
Астон вила – Јувентус 0:0
Болоња – Лил 1:2
Селтик – Клуб Бриж 1:1
Монако – Бенфика 2:3
ПСВ – Шахтјор 3:2
ТАБЕЛА