(ВИДЕО) Гвардиола дојде на пресот со крвав нос и со лузни. Oбјасни дека сам се повредил?

Нов неуспех на Манчестер сити и на менаџерот Пеп Гвардиола кој загуби пет натпревари во низа за првпат во тренерската кариера.

Кога се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине таа лоша серија на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) се случи нова хаварија.

До 75. минута Сити водеше со 3:0, но потоа, по грешките на Јошко Гвардиол и на Едерсон гостите израмнија на 3:3! По мечот, Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот и со многу црвени гребаници и модринки на главата.

На прашањето на новинарот од каде се тие рани, Гвардиола одговори: „Со ноктот си го пресеков носот“, а потоа со насмевка додаде: „Сакам да се повредам…“, стана и си замина.

Раните и лузните на главата на Пеп и неговата реакција пред камерите на прашањето што се случи со него ги загрижи навивачите на Сити, но и фудбалските навивачи воопшто. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека ова е доказ оти Гвардиола е под преголем стрес и дека итно му е потребен одмор.

Прочитајте уште...  Олмо го раскинува договорот со Барселона по половина година?

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.