Шифени Никодемус, новинарот од Намибија кој беше еден од оние што гласаа за добитникот на „Златната топка“, на Кадена СЕР (Cadena SER) му одговори на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Тоа уследи по зборовите и објаснувањата на Парез зошто мадриѓаните не присуствуваа на гала церемонија на доделувањето на наградата што ја доби Родри, а не Винициус Жуниор.
Перез зборуваше за системот на гласање, за новинарите и за организацијата на наградата:
„Има земји со помалку од милион жители каде што новинарите имаат право на глас. Има новинари кои никој не ги знае, а што гласаа годинава. Без гласовите на новинарите од земји како Уганда, Намибија, Албанија и Финска, Винициус ќе ја добиеше „Златната топка“…
Системот мора да се промени и мора да има повеќе познати луѓе кои го ризикуваат својот престиж со овие гласови“.
Тој нагласи дека „сите треба да разберат дека новинарите го ризикуваат својот углед со своите гласови“: „Не знаеме кој се’ гласал, а некои земји и не ги знаеме. Поради тие причини не присуствувавме на церемонијата“.
Никодимус, еден од посочените новинари веднаш му одговори на Перез: „Верувам дека тоа се зборови на некој што е фрустриран, како господинот Перез.
Тој мисли дека гласот на луѓето од мојата земја и од другите земји не е значаен бидејќи сме инфериорни. Сакам да кажам дека знам оти не сум од една од најголемите фудбалски нации, но и дека не се согласувам со неговото мислење?