Во Италија се воведува уште еден преоден рок?

Фудбалскиот сојуз на Италија го прифати предлогот на Серија А за воведување дополнителен преоден рок следниот јуни за да им се овозможи на клубовите да регистрираат нови играчи за клупското Светско првенство (СП). За ова веќе е запозната и ФИФА.

Клупско СП, проширено на 32 клуба од шест конфедерации, ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули следната година во САД. Со оглед на необичниот тајминг на турнирот, јасно е дека многу клубови ќе имаат играчи во нивните списоци чии позајмици или договори истекуваат на крајот од јуни.

Пократкиот преоден рок во Италија, за кој се’ уште се чека официјална потврда, ќе трае од 1 до 15 јуни следната година, а сите клубови, не само Јувентус и Интер, кои се претставници на Италија на тоа СП, ќе можат да бидат активни во тоа.

Прочитајте уште...  Лука Модриќ ги одложи лекарските прегледи во Милано

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.