УЕФА и додели победа на Романија над Косово со „службени“ 3:0

Европската „куќа на фудбалот“ УЕФА донесе одлука во врска со напуштањето на теренот на играчите на Косово на гостувањето кај Романија во 94. минута од натпреварот.

Фудбалерите на Косова го напуштија теренот при резултат 0:0, откако дојде до конфликт меѓу играчите на теренот, а потоа од трибините уследија скандирања „Србија, Србија“.

УЕФА и додели победата на Романија на „зелена маса“, од 3:0. На Косово му требаше победа од 3:0.

И покрај убедувањето на судијата, па дури и на сопствениот селектор, играчите на Косово не се вратија на теренот и УЕФА, очекувано, ги казни со доделување на победата на Романија на „зелена маса“.

Романците се казнети со 50.000 евра и со затворање на трибините за следниот натпревар на репрезентацијата. Дополнително, поради низа прекршоци од трибините Романците се казнети со 128.000 евра, поради наводни расистички извици, фрлање предмети на теренот, свиркање на противничките химни…

 

Прочитајте уште...  Меси за младата ѕвезда на Барса: Тој е сегашноста и светлата иднина на клубот

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.