Меси остана без тренер. Легендата на Барса е еден од долгата листа можни наследници

Аргентискиот стручњак Херардо Мартино (61) поднесе оставка на функцијата тренер на Интер Мајами наведувајќи ги личните причини за заминувањето.

Мартино го предводеше тимот за кој настапуваат Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс и кој освои најмногу бодови во регуларниот дел од сезоната, но беше елиминиран уште во првото коло од плеј-офот, од Атланта јунајтед.

Како негов наследник сега се спомнува Чави, легендата на Барса. Откако во своите редови донесе неколку поранешни ѕвезди на Барселона, МЛС клубот од Мајами ќе се обиде да доведе уште еден поранешен ас на каталонскиот тим, на тренерската позиција, пренесуваат шпанските медиуми.

Чави, кој со Барселона освои 25 титули како играч и ја предводеше до титулата во шпанската лига во сезоната 2022/23 како тренер, моментално е надвор од терените откако во мај годинава доби отказ од Барса. Тогаш најави едногодишна пауза од тренерската работа.

Шпанските медиуми не веруваат дека Чави ќе биде следниот тренер на Интер Мајами, особено не откако ги одби понудите од Манчестер јунајтед и на Рома. Се додава дека ангажманот во Европа за него е многу поинтересна опција.

Покрај Чави, меѓу кандидатите за преземање на МЛС тимот од Мајами се албанскиот селектор Силвињо, Хавиер Маскерано, Јоаким Лев, Френк Лампард, Јирген Клинсман…

Прочитајте уште...  Арсенал ќе испрати понуда за Влаховиќ

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.