Барса и Реал Мадрид во борба за одличен тинејџер

Шпанската „Марка“ пишува за битката меѓу Реал Мадрид и Барселона за потписот на еден од најталентираните млади шпански фудбалери. Станува збор за Антонито, 18-годишниот крилен напаѓач на второлигашот Малага и репрезентативец на Шпанија до 19 години.

Според „Mарка“, трансфер во некој од гигантите би можел да се случи веќе во јануари 2025-та. Антонито е под договор со Малага до следното лето и одби да го продолжи, што значи дека би можел да го напушти клубот без обештетување на крајот од сезоната.

Затоа е реално да се очекува трансфер зимава бидејќи тоа е последна шанса за Малага да заработи на младиот играч. Според Трансфермаркт Антонито вреди два милиони евра.

Антонито е роден во Андалузија, а првите фудбалски чекори ги направи во младинската академија на Бетис, од која се пресели во Малага. Минатата сезона ја собра првата сениорска минутажа во третата лига, а сега е стандарден играч и еден од главните играчи на тимот во „Сегунда“.

На 13 настапи тој постигна три и асистираше за уште три гола. Неговото целосно име е Антонио Кордеро, но попознат е како Антонито. Од неодамна негов агент е Пини Захави, човек кој е многу близок до Барселона и кој ги застапува Ханси Флик и Роберт Левандовски, но тоа не мора да значи дека Барселона има предност.

Прочитајте уште...  (Видео) Пеп се расплака додека Де Брујне го држеше својот проштален говор

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.